Wood carving atelier, Копаничарско ателје, Резба по дереву, Ξυλογλυπτική
Копија на Царските Двери во Рајчица
Царските Двери во Црквата посветена на Св. Георгиј Победоносец во Рајчица се изработени како верна копија на претходните кои беа доста оштетени и се чуваат со посебна заштита во трезорите на манастирот.
Позлатата и иконописот се извршени од страна на монаси од Бигорскиот манастир и монахињи од манастирот во Рајчица. Манастирот на Св. Великомаченик Георгиј Победоносец е дел од Метохот на Бигорскиот манастир Св. Јован Претеча и Крстител Господен.