Византиски стил на резба. Иконата се наоѓа во манастир посветен на Раѓањето на Пресвета Богородица во с. Калишта, струшко. На целивалната се изрезбарени сцени од преданието за Раѓањето на Богородица: молитвите на Св.Јоаким и Ана и одредени литургиски текстови, испреплетени во византиска орнаментика. Околу иконата се прикажани избрани пророци – „Пофалба на Пресвета Богородица“.