Живееме во ера на висока технолошка развиеност. Машинската изработка на црковните свештени предмети за литургиска намена стана доминантнa. Се губи молитвениот и творечкиот карактер во црковната уметност. Во трката со времето што побрзо и повеќе да се направи, се мултиплицираат копии губејќи ја и естетската и духовната димензија. Тоа особено е изразено во резбарството.
Нашата цел е со овој вид црковно творештво да продолжиме да го сведочиме воплотениот Логос Божји, евангелските проповеди, животот на Богородица Мајка како и хагиографските содржини на Сите Свети.
Почитувани благочестиви ктитори, донатори, нарачатели, да ја надградуваме нашата Црква секој со својот добиен талант, и како што вели евангелското четиво, да влеземе во радоста на својот Господар. Да градиме во Слава на распнатиот и воскреснатиот Господ наш Исус Христос.
Вашите идеи, барања, прашања, коментари, ги очекуваме на нашата контакт адреса:
На објектите што треба да се прават (иконостас, целивална, певница…) пристапуваме индивидуално во зависност од големината на објектот, содржината и тежината на изработка, стилот…
Напластеното неколкудецениско искуство, истражување, работа и активно учество во литургискиот живот, во нашата работа искристализираа два резбарски стила: