Византиска резба по предание на прилепско-слепченската резбарска школа

  Наречена е според местата каде што се појавува (во околината на Прилеп – XV/XVI век)  и раширува по манастирите и црквите во централна Македонија. 

             Во основа таа е продолжение на византиската минијатурa од V-VI век, посебно од X-XI век во камен, дрво и на слонова коска. Се карактризира со минијатурни икони на избрани светители, растителни и животински форми врамени со византиска орнаментика (плетеници) во плиток рез. 

             Темите се избрани од хагиографската литература и црковната поезија. Орнаментите се во крстообразна форма од правоаголни и кружни елементи истакнувајќи ја нивната есхатолошка симболика.

Примери резби од прилепско-слепченската школа:

Примери од наши резби во византиски стил